Тефтер Упатство

Упатство › За администратори

Кујнски екрани

Кујнските екрани (KDS) ги прикажуваат нарачките во живо на таблет, телефон, монитор или телевизор во кујната и на шанкот. Наместо (или покрај) печатената пишанка, готвачот ја гледа нарачката на екран, со звук кога ќе стигне нова, тајмер колку долго чека и копче Готово кога е подготвена. Келнерот добива известување на својот уред кога јадењето е готово.

Овој екран во админот одредува како се однесуваат кујнските екрани: звуци, тајмери, известувања, кој уред е екран и што прикажува. Каде оди секоја ставка (станици, правила по категорија, исклучоци) се уредува во Принтери и рутирање, таб Рутирање.

Модул: кујнските екрани се дел од модулот „Побрза услуга“. Без него плочката не се гледа во админот, а адресата /kds не се отвора.

Каде се наоѓа

Админ → група Станици и печатење → плочка Кујнски екрани.

Во пребарувањето на админот го наоѓаш и со зборовите: KDS, кујнски екран, експо, носач, тикет, звук, тајмер, станици, подстаници.

Главен прекинувач

Кујнски екрани — исклучено
Кујнски екрани — исклучено
  1. Водич за поставување — го отвора водичот чекор по чекор (принтери, станици, сметки, правила, звуци, екрани, исклучоци, тест). Опишан е подолу во Водич за поставување.
  2. Вклучи кујнски/шанк екрани (KDS) — главниот прекинувач. Додека е исклучен, на екранот се гледа само оваа картичка, а Тефтер работи како досега: пишанките се печатат, а адресата /kds покажува „KDS не е вклучен“. Кога ќе го штиклираш, веднаш (уште пред да зачуваш) се појавуваат сите картички за поставување опишани подолу. Стандардно е исклучен.
  3. Зачувај — ги зачувува сите промени на овој екран одеднаш (прекинувачот, звуците, тајмерите, известувањата и сè друго освен картичката KDS екрани (уреди), која се зачувува сама). Додека зачувува пишува Зачувувам…; потоа покрај копчето се појавува зелено Зачувано. Ако нешто не е во ред со станиците (на пр. станица без име), над копчето се гледа жолта порака и копчето е сиво додека не ја поправиш. Ако зачувувањето не успее, пораката за грешка се гледа црвено до копчето.

Важно: сите промени на овој екран (освен уредите) важат дури кога ќе притиснеш Зачувај. Ако излезеш без зачувување, промените се губат.

Печатењето не зависи од овој прекинувач. Секоја станица одделно одлучува дали печати, дали се прикажува на екран, или и двете.

Станици и звуци

Кујнски екрани — станици, звук и тајмери
Кујнски екрани — станици, звук и тајмери
  1. Станици — картичка само за преглед. Ги покажува сите станици што постојат, секоја како значка со името и што прави: печат, екран, печат + екран или без излез (станица што ниту печати ниту покажува на екран; тикетите за неа се губат, па поправи ја). Ако нема ниту една станица, пишува „Нема станици. Додади ги во Рутирање →“.
  2. Уреди станици во Рутирање → — те носи во Принтери и рутирање, таб Рутирање, каде се додаваат, бришат и уредуваат станиците, правилата и исклучоците. Станиците можеш да ги уредиш и во чекорот Станици од водичот (види подолу).
  3. Стандарден: — звукот што го пушта екранот кога ќе стигне нов тикет. Се избира од листата на вградени звуци (на пр. „ding“) и твоите качени звуци. Стандардно: ding.
  4. Пушти — го пушта избраниот звук на овој компјутер со избраната јачина, за да го чуеш пред да зачуваш. Ништо не менува.
  5. Јачина (лизгач со звучник) — колку гласно ѕвонат екраните, од 0 до 100 %. Бројот десно ја покажува јачината. Стандардно: 100 %.
  6. Повторувај на секои … сек. — додека има тикет што никој не го прифатил (не е притиснато Подготвувам), екранот повторно ѕвони на секои толку секунди. 0 значи без повторување (ѕвони само еднаш). Стандардно: 20 секунди.
  7. Тајмери на тикет — Жолто по … мин, црвено по … мин — колку минути по пристигнувањето картичката на тикетот станува жолта, а потоа црвена. Така од далеку се гледа што чека предолго. Стандардно: жолто по 10, црвено по 20 минути. Ако внесеш црвено помало или еднакво на жолто, се појавува жолто предупредување „„Црвено“ (… мин) треба да е поголемо од „жолто“…“, бидејќи тогаш жолтата фаза никогаш не се гледа.
  8. Чувај историја … дена — колку дена се чуваат тргнатите (завршени) тикети и статистиката за време на подготовка. Постарите се бришат секое утро. Може од 1 до 30 дена. Стандардно: 2 дена. Од ова зависи и периодот во картичката Време на подготовка.

Известувања, ескалација, експо и носач

Кујнски екрани — известувања, експо и носач
Кујнски екрани — известувања, експо и носач

Известувања

  1. Извести го келнерот кога тикетот е готов (ѕвонче на неговиот уред) — кога кујната ќе притисне Готово, келнерот што ја испратил нарачката добива ѕвонче на телефонот или таблетот на кој е најавен. Стандардно: вклучено.
  2. Голема нотификација (како „Повикај келнер“) — се гледа само ако е вклучено 1. Наместо мало ѕвонче, известувањето за готово јадење е преку цел екран, со аларм што се повторува и вибрација, го пали екранот и мора да се потврди. Добро е за бучни локали каде келнерите не го слушаат телефонот. Стандардно: исклучено.
  3. Цела нарачка на екран — кога е вклучено, секоја станица ги гледа и ставките од истата нарачка што одат на другите станици, затемнети и без можност за чекирање (на пр. кујната гледа дека масата нарачала и две пива, па знае дека нарачката е за маса со пијалок). Кујнските станици ги гледаат само другите кујнски, а барските само другите барски. Ова е стандардот за сите станици; секоја станица може да го смени за себе со Цела нарачка во уредувањето на станицата. Стандардно: исклучено.

Ескалација на повици

  1. Банер на сите POS екрани ако повикот не е одговорен по … сек. — кога кујната ќе го повика келнерот (со копчето со неговото име на тикетот, или од екранот Повикај келнер), а тој не одговори за толку секунди, на сите каси се појавува банер, за некој друг да му каже или да го пренесе повикот. Полето со секунди може да се менува само кога е штиклирано (најмалку 10). Стандардно: исклучено, 45 секунди.

Експо екран (пас) — поставки за екранот на пасот, каде еден човек ја гледа целата нарачка од сите станици и ја испраќа кога сè е готово.

  1. Експо екран (пас) — Жолто по / црвено по — кога картичката на нарачката на експо екранот пожолтува и поцрвенува. Се мери по нарачка, од најстариот тикет во неа. Стандардно: 15 и 25 минути.
  2. Осветли кога СИТЕ станици ќе завршат — кога сите станици ќе ги завршат своите делови од нарачката, картичката на експо екранот светне зелено, добие ознака СЀ ГОТОВО и ѕвони посебен звук. Полето одложување … сек. до него значи колку секунди по последното Готово да почека пред да светне (за да има време да се стави сè на пасот). Стандардно: вклучено, одложување 0.
  3. Лента „Вкупно денес“ (збир по производ) — на експо екранот се појавува копче Вкупно денес што отвора лента со збир по производ на сè што е отворено (на пр. „Пица Маргарита ×7“). Стандардно: вклучено.
  4. Звук за „цела нарачка готова“ — кој звук ѕвони кога нарачката ќе светне. Стандарден значи истиот како за нов тикет. Копчето Пушти до него го пушта за проба.

Носач екран (готово за носење) — поставки за екранот на носачот (runner), кој ги носи готовите јадења до масите.

  1. Носач екран — Жолто по / црвено по — колку долго ГОТОВО јадење смее да чека на пасот пред картичката да пожолти и поцрвени. Стандардно: 5 и 10 минути.
  2. Групирај по област (Тераса, Ресторан…) — картичките на носачот се делат во групи по просторијата каде е масата. Стандардно: вклучено.
  3. Носачот зема ЦЕЛИ нарачки од експо — вклучено: носачот добива по една картичка за цела нарачка кога експо ќе ја испрати, а тајмерот брои од тој момент. Исклучено: носачот добива по една картичка за секој ГОТОВ тикет директно од станиците; ова е за кујни без експо екран. Стандардно: вклучено.

Звук по станица, свои звуци, поткатегории и уреди

Кујнски екрани — звуци и уреди
Кујнски екрани — звуци и уреди
  1. Звук по станица — за секоја станица што има екран, ред со: - името на станицата; - листа со звук (глобален звук = стандардниот од горе, или некој друг), за кујната и шанкот да ѕвонат различно; - Пушти — проба на звукот; - тајмер: две полиња жолто и црвено (во минути) само за оваа станица, на пр. шанкот да пожолти по 3 минути, а кујната по 10. Празно или 0 значи да важат општите тајмери.

Ако ниту една станица нема вклучено „На екран“, пишува „Нема станици со екран.“ 2. Свои звуци — копче за избор на датотека (прелистувачот го прикажува на својот јазик, на пр. „Choose File“). Избери звук од компјутерот во формат .wav или .mp3 и тој веднаш се качува, без Зачувај; додека се качува пишува „Се качува…“. Качените звуци се појавуваат во листа подолу, секој со: - Пушти — проба; - Избриши — го брише звукот веднаш. Ако звукот се користи некаде (како стандарден, за експо, за станица или поткатегорија), копчето е сиво, до него пишува во употреба, а кога ќе го задржиш глувчето над него пишува каде се користи. Прво избери друг звук на тие места, зачувај, па избриши го.

Вградените звуци не можат да се бришат и не се во оваа листа. 3. Звук по поткатегорија — посебен звук за тикети што содржат одредена поткатегорија од менито (на пр. „Пици“ ѕвонат поинаку од „Салати“). Овој звук има предност пред звукот на станицата. Ако нема ниедно мапирање, пишува „Нема мапирања. Сите тикети ѕвонат со звукот на станицата/глобалниот.“ Секое мапирање е ред со: - ↑ и ↓ — го местат редоследот. Кога еден тикет има повеќе означени поткатегории, ѕвони звукот на онаа што е прва во листата; - името на поткатегоријата; - листа за избор на звук; - Пушти — проба; - Отстрани — го брише мапирањето (тикетите од таа поткатегорија пак ѕвонат со звукот на станицата). 4. + Додај поткатегорија… — листа со сите поткатегории од менито што сè уште немаат свој звук. Кога ќе избереш една, се додава на крајот на листата со првиот звук од листата; потоа смени го звукот. Се гледа само ако има поткатегории без звук. 5. KDS екрани (уреди) — листа на сите поврзани уреди (таблети, телефони, компјутери). Тука одредуваш кој уред е кујнски екран и што прикажува. Ова се зачувува веднаш при секој клик, без Зачувај. Ако нема поврзан ниеден уред, пишува „Нема поврзани уреди.“ За секој уред: - [име на уредот] — KDS режим (кутивче) — кога е штиклирано, тој уред станува кујнски екран и на адресата /kds ги прикажува тикетите. Кога ќе го одштиклираш, на /kds повторно ќе бара да се означи како екран, а како каса работи како и досега; - Што прикажува екранот (листа, се гледа кога KDS режим е вклучен): - Тикети — тикетите од станиците што ги следи (обичен кујнски или шанк екран); - Повикај келнер — само листа на келнерите со копче за повик, без тикети; - Тикети + Повикај — двете, со копчиња за менување горе; - Експо (пас — цела нарачка) — една картичка по нарачка, со статусот од СИТЕ станици; светнува кога сите ќе завршат; - Носач (готово за носење) — само ГОТОВИ тикети или нарачки, по маса и простории, со тајмер колку чекаат; - Кујна / Бар / Сите (листа, само за Експо и Носач) — кои станици ги опфаќа: само кујнските, само барските или сите. Кога уредот првпат ќе го ставиш на Експо или Носач, автоматски се избира Кујна, бидејќи пијалоците обично ги носи шанкот директно; - станици (кутивчиња, за Тикети и Тикети + Повикај) — кои станици ги следи овој екран. Се нудат само станици со вклучено „На екран“. Ако нема такви, пишува жолто „Нема станици со вклучен екран.“; - простории (кутивчиња, само за Носач) — кои простории ги покрива носачот (на пр. само Тераса). Ништо штиклирано значи сите; - жолти редови Непостоечка станица „…“ — одштиклирај за да ја тргнеш или Избришана област (#…) — одштиклирај за да ја тргнеш — се појавуваат кога уредот следи станица што е преименувана или избришана, или просторија што повеќе не постои. Таквиот екран останува празен; одштиклирај го редот. 6. QR код и адреса — „Нов екран: скенирај или отвори“ и адресата за спарување (на пр. http://192.168.1.20/pair). Скенирај го кодот со таблетот што ќе биде кујнски екран, или внеси ја адресата во неговиот прелистувач. На екранот за спарување штиклирај Кујнски/шанк екран (KDS) („Овој уред прикажува тикети наместо да зема нарачки.“), под Станици за овој екран штиклирај ги станиците (или создади нова со полето Нова станица (пр. „Скара“) и Додај), внеси админ шифра и притисни Овласти и отвори KDS. Уредот веднаш станува кујнски екран и се појавува во листата погоре, каде можеш да му ги менуваш поставките.

Тест и време на подготовка

Кујнски екрани — тест и време на подготовка
Кујнски екрани — тест и време на подготовка
  1. Тест — по едно копче Тест → [станица] за секоја станица со вклучен екран. Кога ќе го притиснеш, на станицата се праќа тест-тикет со ознака ТЕСТ. Тој треба да се појави (со звук) на секој екран што ја следи станицата и сам се трга по околу 60 секунди. По праќањето пишува зелено Испратено. Тест-тикетите не влегуваат во статистиката и не се гледаат на експо и носач екраните. Ако нема станица со екран, пишува „Нема станици со вклучен екран.“
  2. Зачувај ги промените пред тестирање. — жолта порака што се гледа додека има незачувани промени. Тестот секогаш оди според последното зачувано, па прво зачувај.
  3. Време на подготовка — табела со колона Станица, Тикети (колку тикети се завршени) и Просек (мин) (просечно време од пристигнување на тикетот до Готово), за последните толку дена колку што е поставено во Чувај историја. Додека нема завршени тикети пишува „Сè уште нема завршени тикети.“
  4. Зачувај — истото копче за зачувување на целиот екран, на дното.

Водич за поставување

Водичот е за првото поставување: те води низ сите поставки за печатење и екрани по ред, а секој чекор е вистински уредувач (не само преглед). Отвори го со Водич за поставување горе десно. Го отвора и копчето Водич за поставување / Отвори водич од табот Рутирање.

Чекор 1: Начин на работа

Водич — начин на работа
Водич — начин на работа
  1. Чекори — ознаки за сите чекори. Тековниот е портокалов. Кликни на кој било за да скокнеш директно. Пред чекорот може да има зелена ✓ (чекорот е во ред) или жолт ⚠ (нешто недостасува, на пр. станица без излез).
  2. Само печатење — тикетите се печатат на принтери (кујна/бар), без екрани. Ги исклучува кујнските екрани и водичот има 5 чекори: Начин на работа, Принтери, Сметки, Правила, Тест.
  3. Печатење + екрани (KDS) — тикетите се и на екран во кујна/шанк, со звуци и тајмери. Ги вклучува кујнските екрани и водичот има 9 чекори: Начин на работа, Принтери, Станици, Сметки, Правила, Звуци и тајмери, KDS екрани, Исклучоци, Тест.
  4. Назад — претходниот чекор (сиво на првиот).
  5. Зачувај — ги зачувува промените направени во водичот (истото како Зачувај на екранот). Ако има грешка во станиците, нејзиниот текст се гледа лево од копчето и копчето е сиво.
  6. Следно — следниот чекор. На последниот чекор наместо него стои Затвори.

Со X горе десно или со клик надвор водичот се затвора. Незачуваните промени остануваат на екранот (не се губат), но не важат додека не притиснеш Зачувај.

Чекор 2: Принтери

Водич — главен принтер
Водич — главен принтер

Брзо поставување на главниот термален принтер, без да го напушташ водичот.

  1. Принтери — ознака на чекорот. Зелена ✓ ако има барем еден принтер.
  2. Мрежен / USB / LPT — како е поврзан принтерот: - Мрежен — внеси IP адреса (на пр. 192.168.1.100) и порта (најчесто 9100); - USB — внеси го името на принтерот како што е во Windows (на пр. Epson TM-T20III); - LPT — избери LPT1, LPT2 или LPT3.
  3. Поле за адреса — според изборот погоре (на сликата е избрано USB, па се бара името на принтерот). Со Enter во полето се зачувува.
  4. Зачувај принтер — веднаш го зачувува и вклучува главниот принтер (ова копче зачувува само принтерот, не останатите поставки). По успех пишува Зачувано ✓. Ако има познати принтери, под копчето се гледа листа со зелена точка поврзан или црвена офлајн за секој.
  5. отвори Принтери → — за дополнителни принтери, прекар на принтерот и тест-страна, оди во Принтери и рутирање.

Чекор 3: Станици

Водич — станици и подстаници
Водич — станици и подстаници

Станицата е местото каде завршува тикетот: принтер, екран или двете. За повеќето локали доволни се две: Кујна и Бар. Ова е истата картичка Станици што ја има и во табот Рутирање; промените важат на двете места.

  1. Име на станица — на пр. „Кујна“, „Бар“, „Скара“. Името мора да постои, да е различно од другите и да нема запирка.
  2. Бар станица — штиклирај за шанк станици. Од ова зависи насловот на тикетот (БАР или КУЈНА), кој прекинувач за печатење важи и со кои станици се дели „цела нарачка“.
  3. Принтер (листа) — на кој принтер печати оваа станица. — без принтер — значи дека, ако е вклучено Печати, печати на главниот принтер; тогаш пишува „⚠ Печати без врзан принтер → ќе печати на примарниот.“
  4. Печати — станицата печати пишанка.
  5. На екран — станицата се прикажува на кујнски екран. Ако е вклучено, а ниеден уред не ја следи, пишува жолто „⚠ Ниеден уред не е KDS екран за оваа станица — отвори Кујнски екрани.“
  6. Цела нарачка — (само ако е вклучено На екран) дали екранот на оваа станица ги прикажува и затемнетите ставки за другите станици. Почетно ја следи општата поставка Цела нарачка на екран. Исклучи ја ако станицата и онака ја добива целата нарачка.

Ако се исклучени и Печати и На екран, пишува „⚠ Станицата нема ниту печатење ниту екран — тикетите за неа се губат.“ Копчето Отстрани десно во редот ја брише станицата (по Зачувај). 7. Напредно — подели печатење по подстаници — се гледа само ако е вклучено Печати. Подстаниците делат еден ист принтер: тој печати главна пишанка и посебни ливчиња по поткатегорија (на пр. кујната добива едно ливче за скарата, едно за пиците). Ова е само за печатење; на екранот станицата останува една. Кога е вклучено, во насловот пишува · вклучено. Внатре: - Подели по подстаници — го вклучува делењето. Ако е вклучено, а Печати е исклучено, пишува „⚠ Подстаниците нема да се печатат — вклучи „Печати“.“ 8. Главна сметка — дали покрај ливчињата се печати и главна пишанка со сите ставки: Исклучена (само ливчиња), Обична (без секции) или Со секции (етикети) (ставките се групирани под името на подстаницата). Стандардно: Со секции. 9. Контекст на подсметки (останато, потемнето) — на секое ливче, под ставките на подстаницата, потемнето се печатат и другите ставки од истата станица, за готвачот да знае што оди заедно. Стандардно: вклучено. 10. Подстаници — секоја подстаница е рамка со: - Име (на пр. Грил) — задолжително и различно од другите подстаници во станицата; - Активна — привремено ја исклучува подстаницата без да ја бришеш; - Отстрани — ја брише подстаницата. 11. Пребарај производ… и дрво на менито — избери што оди на оваа подстаница. Дрвото е Категорија → Поткатегорија → Производ (кај барска станица се нудат пијалоците, кај кујнска храната). Штиклирај цела поткатегорија (ги вклучува и производите што ќе ги додадеш подоцна) или отвори ја и штиклирај поединечни производи. Бројката како „3/8“ покажува колку производи се избрани. Пребарувањето работи и на кирилица и на латиница.

**+ Подстаница** под листата додава нова подстаница.
  1. + Додај станица — додава нова празна станица на крајот, со вклучено На екран и исклучено Печати. Внеси ѝ име и одбери што прави.

На сликата е додадена пробна станица „Кујна“ со вклучено печатење и една подстаница, само за приказ (не е зачувана).

Ако станиците имаат грешка, водичот и екранот не дозволуваат зачувување додека не ја поправиш. Можни пораки: „Има станица без име — внеси име или отстрани ја.“, „Името на станица не смее да содржи запирка: „…“.“, „Две станици со исто име: „…“.“, „Станица „…“ има поделено печатење, но нема подстаници.“, „Станица „…“: подстаница без име.“, „Станица „…“: две подстаници „…“.“

Останати чекори

Кујнскиот екран (/kds)

Ова е екранот што го гледа кујната или шанкот. Уред што е спарен како кујнски екран сам се отвора на него. За уред што веќе работи како каса, штиклирај му KDS режим во админот, па на уредот отвори ја адресата /kds (на пр. http://192.168.1.20/kds) во прелистувачот.

Кујнски екран — KDS не е вклучен
Кујнски екран — KDS не е вклучен
  1. KDS не е вклучен — ова го гледаш додека главниот прекинувач Вклучи кујнски/шанк екрани (KDS) е исклучен. Вклучи го и зачувај, и екранот сам ќе се вклучи во рок од една минута.

На демото кујнските екрани се исклучени, па живите тикети не можат да се сликаат. Подолу се опишани сите делови на екранот.

Пораки пред екранот да се вклучи

Екран со тикети (кујна, шанк)

Горна лента (од лево на десно):

Ако врската со касата падне, горе се појавува црвена лента „Нема врска — нарачките на екранот можеби не се најнови!“. Екранот сам се поврзува повторно.

Картичка на тикет:

Ако нема тикети, пишува „Нема активни тикети“.

Долна лента:

Тикетите што останале од претходниот ден сами се тргаат на почетокот на работниот ден (во 05:00).

Екран Повикај келнер

Листа на сите келнери што се моментално најавени на некој уред (името, а под него уредот). Горе десно, ако екранот следи станици, листа за избор од која станица доаѓа повикот. За секој келнер:

Ако никој не е најавен, пишува „Нема келнери на линија.“

Експо екран (пас)

Наслов ЕКСПО (или ЕКСПО · КУЈНА / ЕКСПО · БАР), зелена или црвена точка за врската, името на уредот, 🔔 / 🔇 за звук и часовник.

Секоја картичка е една нарачка (едно праќање од келнерот; дополнително праќање е нова картичка со ознака Дополнување):

Долу: број на нарачки, Тргнати денес (N) со Врати за секоја, и Врати последна.

Носач екран

Наслов НОСАЧ. Ако е вклучено Носачот зема ЦЕЛИ нарачки од експо, до насловот пишува од ЕКСПО, а секоја картичка е цела експедирана нарачка; инаку секоја картичка е еден готов тикет од станица (со ознака од: [станица]).

Картичките се групирани по просторија ако е вклучено Групирај по област. Долу: колку има за носење, колку простории покрива уредот, и Однесени денес (N) со Врати за секоја. Кога нема ништо, пишува „Нема експедирани нарачки за носење. 🎉“ или „Нема готови нарачки за носење. 🎉“.

Чести ситуации

Таблетот во кујната е празен, а нарачките се праќаат. 1. Во админот, KDS екрани (уреди): провери дали уредот е во KDS режим и дали е штиклирана вистинската станица. 2. Ако гледаш жолт ред Непостоечка станица „…“, станицата е преименувана; одштиклирај го и штиклирај ја новата. 3. Во Рутирање провери дека станицата има вклучено На екран. 4. Испрати Тест → [станица] и види дали стигнува.

Екранот не ѕвони. 1. На екранот провери дека горе пишува 🔊 Звук, не 🔇 Без звук. 2. По секое повторно отворање тапни еднаш на Тапни за звук. 3. Провери ја јачината на самиот таблет и лизгачот за јачина во админот.

Гори црвена лента „Нема врска“. Таблетот го изгубил Wi-Fi-то или касата е исклучена. Екранот сам се поврзува кога ќе се врати врската; не треба ништо да се притиска.

Готвачот тргнал тикет по грешка. Притисни Врати до „Последно: …“ на дното, или отвори Тргнати денес и притисни Врати кај тој тикет.

Сакам шанкот да ѕвони поинаку од кујната. Во Звук по станица избери друг звук за станицата „Бар“, притисни Пушти за проба и Зачувај.

Келнерите не забележуваат кога јадењето е готово. Вклучи Голема нотификација (како „Повикај келнер“) и Банер на сите POS екрани ако повикот не е одговорен по … сек., па Зачувај.

Сакам една пишанка за скарата и една за пиците од ист принтер. Во Рутирање (или водичот, чекор Станици) отвори Напредно — подели печатење по подстаници кај кујната, вклучи Подели по подстаници, додај две подстаници („Скара“, „Пици“) и штиклирај ги нивните поткатегории. Зачувај.

Не сакам повеќе кујнски екрани. Одштиклирај Вклучи кујнски/шанк екрани (KDS) и Зачувај. Печатењето продолжува како порано. Уредите во KDS режим покажуваат „KDS не е вклучен“; одштиклирај им го KDS режим за пак да бидат каси.

Поврзано